/Прочитано:

1.601

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

Врховниот суд на Република Македонија ги донесе и ги објави сентенците: Дозволеност на ревизија, по правен основ примена на ЗПП, и Неовластено соопштување на деловна тајна, по правен основ повреда на работен ред и дисциплина.

akademik foto 1

Сентенца: Дозволеност на ревизија

Оценувањето на дозволеноста на ревизијата по тужба и противтужба се цени во согласност со Законот за парничната постапка кој бил во примена во време на поднесување на тужбата, односно противтужбата.

Образложение

Ревизијата изјавена во делот на противтужбеното барање за утврдување право на сопственост е неоснована.

Врховниот суд на Република Македонија во делот на противтужбеното барање за утврдување право на сопственост одлучуваше во смисла на член 372 став 3 точка 6 од Законот за парничната постапка („Сл. весник на РМ“ бр. 7/11 – пречистен текст), со оглед дека противтужбено барање е истакнато во време на важност на овој закон. Ревизијата изјавена во делот на тужбеното барање на тужителот за предавање на владение е недозволена… Сентенцата во целост:Дозволеност на ревизија.

Сентенца: Неовластено соопштување на деловна тајна

Не постои повреда на работниот ред и дисциплина со неовластено соопштување на деловна тајна, доколку претходно работодавачот во посебен акт не определил кои факти, исправи, податоци и документи се прогласени за деловна тајна.

Образложение

Неоснован е наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право.

Второстепениот суд со правилна примена на материјалното право од член 35, 72 и 74 од Законот за работни односи, донел правилна одлука кога го усвоил тужбеното барање и ги поништил како незаконити оспорените одлуки за откажување на договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина, сторени со јавно изнесување на невистини за работата на тужениот, а основ за таквото одлучување наоѓа во утврденото дека во оспореното решение не било наведено конкретно во што се состои прекршувањето на работниот ред и дисциплина ниту било наведено која деловна, службена или професионална тајна тужителката ја соопштила неовластено, како ни во што се состои пречекорувањето и злоупотребата на дадените овластувања… Сентенцата во целост: „Неовластено соопштување на деловна тајна“.

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

М.В