/ Прочитано:

4.337

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

Врховниот суд на Република Македонија ги донесе и ги објави сентенците: „Пасивна легитимација на Република Македонија“, по правен основ надомест на штета за зголемена вредност на земјиште вратено со денационализација и надомест на штета од осигурување, и „Сопственик на возило (активна легитимација)“ по правен основ надомест на штета од осигурување.

foto

СЕНТЕНЦА: Пасивна легитимација на Република Македонија (Надомест на штета за зголемена вредност на земјиште вратено со денационализација)

Република Македонија не е пасивно легитимирана во постапката за надомест на штета за зголемена вредност на земјиштето, кога во постапка за денационализација земјиштето е вратено на поранешниот сопственик, односно ако со решение за денационализација тоа земјиште е вратено во сопственост и владение на поранешниот сопственик.

Образложение

Основан е наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право. Имено, пониските судови, врз основа на изведените докази во текот на постапката, утврдиле дека тужителот бил земјоделска задруга чија дејноста била издавање и управување со сопствен недвижен имот или имот земен под закуп…Сентенцата во целост.

СЕНТЕНЦА: Сопственик на возило (Надомест на штета од осигурување)

Сопственикот на возилото е активно легитимиран да бара надомест на штета, иако договорот за осигурување со осигурителното друштво го склучило трето лице.

Образложение

Неоснован е ревизискиот навод за сторена суштествена повреда од член 343 став 2 точка 13 од Законот за парнична постапка, од причина што по оцена на овој суд побиваната пресуда со која е потврдена првостепената пресуда е јасна и разбирлива, содржи доволно образложени причини за решителните факти, па во целост може да биде испитана.

Неоснован е и ревизискиот навод за погрешна примена на материјалното право. Врз основа на утврдената фактичка состојба од првостепениот суд, прифатена од второстепениот суд, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога делумно го усвоиле тужбеното барање на тужителот… Сентенцата во целост.

М.В