Сентенца на Врховниот суд за еднаквост на оружјето и контрадикторна постапка
Сторена е повреда на принципот на еднаквост на оружјето и на контрадикторност на постапката од член 6 став 1 од Европската конвенција за човекови права и од член 465 став 1 точка 3 од Законот за кривичната постапка, кога второстепениот суд писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство не го доставил до одбраната во жалбена постапка, со што е ускратена можноста да се информираат и да се произнесат по образложеното мислење на Јавното обвинителство.
Барањето е основано.
Основан е наводот во барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за сторена повреда на одредбите на кривичната постапка во жалбената постапка, во смисла на член 465 став 1 точка 3 од Законот за кривичната постапка, која повреда влијаела или можела да влијае врз правото на осудениот на правично судење.
Имено, Врховниот суд на Република Северна Македонија, од увидот во списите кон предметот, констатира дека писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство КОЖ.бр.306/20 од 10.09.2020 година, доставен до Апелациониот суд Гостивар, не бил доставен до одбраната.
Согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права, концептот на правично судење, од кој правото на контрадикторност во постапката е еден од неговите аспекти, го подразбира правото на странките во кривична, или парнична постапка да бидат информирани, или да дадат коментар за сите изведени докази, или поднесени одговори, со цел да се влијае на одлуката на судот ( Наумоски против Република Македонија, ( Naumoski v. The former Yugoslav Republic of Macedonia ) бр. 25248/05 , § 25 , 27 ноември 2012 година)…Сентенцанта на Врховниот суд може да се преземе во целост на следниот линк.
Заклучок на Вишиот управен суд за примената на член 58 став 2 од Законот за прекршоците
Врховниот суд донесе заклучок за присуство на оштетен на расправа пред првостепен суд
Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор
Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет
Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“
Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка
Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В