Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Конфискацијата на имот и имотна корист од членови на семејство кој бил стекнат со незаконски сретства, не претставува повреда на член 1 од Протоколот бр.1 од ЕКЧП, дотолку повеќе што истите имале можност да користат правни лекови и да предочат докази за кои сметале дека се неопходни за заштита на нивните права и интереси.
Имотот и имотната корист се конфискува и од трети лица врз кои е пренесена без соодветен надоместок, ако не знаеле, а можеле и биле должни да знаат дека е стекната со кривично дело.
Образложение
Барањето е неосновано.
Врховниот суд на Република Северна Македонија оценува дека неосновани се наводите во барањето за повреда на одредбите на кривичната постапка од член 356 точка 5 од Законот за кривичната постапка, односно второстепениот суд правилно одлучил кога ја оставил во сила пресудата на Основниот суд Свети Николе К.бр.140/12 од 23.03.2015 година во делот кој се однесува на конфискација на имот и имотна корист.
Согласно член 97 став 1 од Кривичниот законик „Никој не може да ја задржи непосредната и посредната имотна корист прибавена со кривично дело“.
Според став 2 од истиот член на законот, „Имотната корист од став 1 ќе се конфискува со судската одлука со која е утврдено извршувањето на кривичното дело под условите предвидени со овој закон“.
Согласно член 98 став 1 од Кривичниот законик „Од сторителот ќе се конфискува непосредната и посредната имотна корист прибавена со кривичното дело што се состои во пари, движни или недвижни предмети од вредност, како и секоја друга сопственост, имот или актива, материјални или нематеријални права, а ако нивната конфискација не е можна од сторителот ќе се конфискува друг имот што одговара на вредноста на прибавената корист.
Имајќи ги во предвид погоре цитираните законски одредби, Врховниот суд на Република Северна Македонија оценува дека правилно постапил второстепениот суд кога утврдил дека се исполнети законските услови за конфискација од осудениот З.Д. на подвижни и недвижни предмети, како и секоја друга сопственост, имот или актива, материјални и нематеријални права во висина на вредноста што одговара на прибавената имотна корист од 86.162.031,00 денари.
Согласно член 98 став 3 од Кривичниот законик „Имотната корист се конфискува и од членови на семејството на сторителот на кои е пренесена, ако е очигледно дека не дале надоместок што одговара на вредноста на прибавената имотна корист“.
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В