Сентенца на Врховниот суд за повторно вештачење за проценка на веродостојноста на исказот на оштетеното дете
Врховниот суд објави сентенца за повторно вештачење за процена на веродостојноста на исказот на оштетеното дете.
Сентенца
Одбивањето на судот да се изврши повторно вештачење од тим на вешти лица, во кој би билe вклучени и вешто лице психолог и педагог за на најдобар начин се изврши проценка на веродостојноста на исказот на оштетеното дете, не го ограничило правото на одбрана до тој обем за да се заклучи дека немал фер судење во смисла на член 6 став 1 и 3 (г) од ЕКЧП и е во насока на остварување на гаранциите на мерките за заштита од секундарна и повторна виктимизација, заштита на достоинството на жртвата во текот на повторното испитување, давањето на исказ и слично, а согласно член 19 од Директивата 2012/29/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот на Европа и согласно член 11 до член 14 од „Конвенцијата од Ланзароте“.
Образложение
Барањето е неосновано. Врховниот суд на Република Северна Македонија оценувајќи ги наводите во барањето, констатира дека истите се неосновани. Ова, од причина што исказот на детето Р. Д. даден пред првостепениот суд, кој е јасен, прецизен, веродостоен, без воопшто да гледа кон присутниот родител, како и во отсуство на несигурност за критичниот настан, изјавила дека критичниот ден додека се враќала од продавницата кон дома, ја пресретнал осудениот А. Р. кој претходно го немала видено никаде и не го познавала. Тој дошол отпозади, ја пресретнал, застанал и ја прашал дали дома имаат пипер за продажба, таа му рекла дека немаат, а веднаш потоа и кажал „ти си многу убава“, за потоа да ѝ каже да тргне по него за да му покаже каде е засаден нивниот пипер. Тој тргнал кон насадите кои биле во близина, а таа за да му покаже тргнала по него. Осудениот застанал се свртел кон неа и пришол однапред и со двете раце едната преку рамо, а другата преку половината ја прегрнал и ја повлекол накај него за да ја бакне, но таа се отргнала од него и избегала. Таа веднаш избегала дома и за настанот им кажала на родителите… Текстот на сентенцата во целост.
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В