/ Прочитано:

2.974

Сентенца на Врховниот суд за придонес на пешак како учесник во собраќајна незгода

На 4 април 2022 година, Врховниот суд објави сентенца од Пресудата Рев2. бр. 594/2021 од граѓанската област (облигациони односи – надомест на штета), за придонес на пешак како учесник во собраќајна незгода.

Сентенца

Постои придонес на пешак во настанување на сообраќајна незгода, кога на обележан пешачки премин не се движел со зголемена претпазливост, при состојба кога уредите за давање на светлосни сообраќајни знаци – семафори работеле на жолто трепкаво светло.

Образложение

Ревизијата е неоснована.

Неосновани се и ревизиските наводи за погрешна примена на материјалното право. Врз основа на утврдената фактичка состојба од првостепениот суд, која во целост е прифатена од второстепениот суд, правилно второстепениот суд го применил материјалното право кога жалбата на тужителката ја одбил како неоснована и ја потврдил првостепената пресуда во делот на одбиеното тужбеното барање на тужителката за надомест на штета, а жалбата на тужениот ја усвоил и првостепената пресуда во делот на усвоеното тужбено барање ја преиначил, и ги досудил износите конкретно наведени во изреката на второстепената пресуда со соодветна камата.

Целосниот текст на образложението може да го видите тука.