Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Врховниот суд донесе сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда.
Сентенца
Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесен од бранител по службена должност е недозволено без полномошно од осудениот, со кое се овластува да превзема дејствија по вонредни правни лекови по правосилност на пресудата.
Образложение
Барањето е поднесено од неовластено лице.
Врховниот суд на Република Северна Македонија, од увидот во списите по предметот констатира дека во текот на кривичната постапка на осудената и бил поставен бранител по службена должност. Назначениот бранител по службена должност ја застапувал осудената и во жалбена постапка пред второстепениот суд.
Согласно член 74 став 3 од Законот за кривичната постапка, поради кривично дело за кое со закон е пропишана казна затвор во траење од 10-десет години, или потешка казна затвор, обвинетиот мора да има бранител во времето на доставувањето на обвинителниот акт.
Согласно член 74 став 6 од Законот за кривичната постапка, ако обвинетиот во случаите на задолжителна одбрана од претходните ставови на овој член не земе бранител сам, претседателот на судот ќе му постави бранител по службена должност за натамошниот тек на кривичната постапка до правосилноста на пресудата.
Согласно член 466 став 2 од Законот за кривичната постапка, барањето што е поднесено ненавремено или го поднело неовластено лице или е поднесено во случај на осуда на кривична санкција поради која барање не може да се поднесе (член 463 став 1), или според законот не е дозволено, или кога подносителот се откажал од барањето ќе го отфрли со решение претседателот на советот на првостепениот суд, или судот надлежен за одлучување по барањето.
Имајќи ги во предвид цитираните законски одредби, Врховниот суд на Република Северна Македонија констатира дека поднесеното барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е поднесено од неовластено лице, бидејќи бранителот по службена должност е овластен да ги превзема во корист на осудената сите дејствија што може тој да ги превземе до правосилноста на пресудата. Со поднесувањето на жалбата пред второстепениот суд бранителот по службена должност ги превзел сите дејствија за кои тој бил овластен. Поднесувањето на барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда претставува дејствие кое се превзема по правосилноста на пресудата, бидејќи е вонреден правен лек, за кој бранителот по службена должност не е овластен, бидејќи од списите по предметот е видно дека бранителот нема посебно полномошно во кое се назначува дека тој е овластен од осудената да превзема дејствија и по вонредни правни лекови, односно дејствија по правосилноста на пресудата…
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В