Сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата
Врховниот суд објави сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата.
Сентенца: Кога сторителот на сообраќајната незгода го оневозможил утврдувањето на присуство на алкохол во моментот на незгодата, се смета дека тој бил под дејство на алкохол и дека се исполнети условите осигурителната компанија да бара регрес од сторителот за исплатената штета на оштетеното лице.
Образложение: Ревизијата е неоснована. Според Врховниот суд на Република Македонија неоснован е наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право од страна на второстепениот суд во смисла на тоа дека истиот погрешно ги применил одредбите од член 16 став 1 и 2 од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, ако се има во предвид утврдената фактичка состојба.
„Имено, врз основа на изведените докази пониските судови утврдиле дека тужителот бил осигурителна компанија и дејноста ја обавувал со сите права и одговорности утврдени со закон и подзаконски акти. Според Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, патничкото моторно возило на тужениот марка ДАЕВу-Матис било осигурано кај тужениот. На ден 01.02.2010 година, во раните утрински часови се случила сообраќајна незгода во која бил повреден а подоцна и починал пешакот М.Б., а возачот со возилото го напуштил местото на настанот и неговиот идентитет бил утврден од страна на СВР О. после два до три дена од настанот. За настанатата сообраќајна незгода ОЈО Охрид поднел обвинителен акт против сега тужениот и со пресуда К.бр.326/10 од 05.09.2012 година на Основен суд Охрид, истиот бил огласен за виновен по член 300 в.в.со член 297 став 3 од КЗ и по член 303 став 1 од КЗ за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода, и бил осуден на единствена казна затвор во траење од една година. Покојната Б.М. живеела во заедница со својот син Д.М., внукот од синот Д.М. и снаата, а имала и ќерка С.Ѓ.. Синот, внукот и ќерката на покојната Б. се обратиле кај тужителот со барање за надомест на материјална и нематеријална штета поради смрт на блиско лице бидејќи сообраќајната незгода била случена со патничкото моторно возило осигурано кај тужителот. Постапувајќи по барањата за надомест на материјална и нематеријална штета, тужителот со барателите склучил спогодби а по претходно извршено вештачење од страна на лекар цензор кај тужителот за претрпените душевни болки кај барателите поради смрт на блиско лице. Врз основа на спогодбите на блиските роднини на покојната Б. им биле исплатени утврдените износи намалени за 10% на име придонес на жртвата во сообраќајната незгода, и вкупно бил исплатен износ од 902.165,00 денари“, се вели во сентенцата, која во целост може да се погледне на следниот линк: Право на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата.
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В