/ Прочитано:

3.189

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Вишиот управен суд објави сентенци од Прв судски совет за имотно-правна област и други права, сентенци од Втор судски совет за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права и сентенци од Трет судски совет за финансиски, царински, даночни и други права.

ПРВ СУДСКИ СОВЕТ ЗА ИМОТНО-ПРАВНА ОБЛАСТ И ДРУГИ ПРАВА

 I -УЖ-1 бр.463/2016

 Претседател на совет судија Анита Данилова

 Сентенца– основ:Право на поднесување тужба според член 26,став 1, точка 3 од Законот за управните спорови

„Не може да се одлучува по тужба на тужител, кој не може да биде странка во постапка пред Управен суд, со оглед дека со управниот акт, предмет на управниот спор,не се засега во правото на тужителот, ниту пак на истиот му е наметната некаква обврска.“

ВТОР СУДСКИ СОВЕТ ЗА ПЕНЗИИ, ПРАВА ОД ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ И ДРУГИ ПРАВА

 II-УЖ-2.бр.232/2016, Судија  Дијана Димитрова

 Сентенца – основ:Паричен надоместок во случај на невработеност

 „Во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, децидно се утврдени роковите во кои невработеното лице треба да поднесе барање до Агенцијата кај која е уплатуван придонесот за вработување, за да го оствари правото на паричен надоместок, а во случај на подоцнежно поднесување на барањето надоместокот му следува од денот на поднесувањето на барањето за преостанатиот период. Пропустите во работењето на стечајниот управник не можат да бидат од влијание за признавање на право на ретроактивна исплата на предметниот надоместок на сега тужителот, туку евентуално би можеле да бидат предмет на друга постапка во рамките на стечајната постапка на работодавачот на тужителот.“

III–УЖ-2 бр.419/2016, Судија Дијана Димитрова

 Сентенца – основ:Обврска на центарот за социјални работи да го извести корисникот за потребата од повторен преглед два месецапред истекот на рокот определен за повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега од друго лице

„Согласно со член 76 од Законот за социјалната заштита (‘Службен весник на Република Македонија’бр.79/09…33/2015), центарот е должен да го извести корисникот за потребата од повторен преглед два месеца пред истекот на рокот определен за повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега од друго лице.Тужителот, односно неговиот старател, не примиле известување во смисла на цитираната одредба од член 76 од Законот за социјална заштита, со што не била испочитуваназаконски предвидената постапка.“

V–УЖ-2 бр.398/2016, Судија Фани Илиевска

 Сентенца –основ:Право на признавање на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање имајчинство

 „Право на признавање на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство има осигуреник за период од 9 месеци непрекинато. За правото на овој надоместок нема влијание фактот што избраниот матичен гинеколог кој ја водел бременоста бил пензионер во моментот на издавањето на извештајот. Тоа е однос помеѓу лекарот и Фондот за здравствено осигурување, а осигурениците не треба да трпат негативни последици од евентуалната злоупотреба на статусот на лекарот.“

ТРЕТ СУДСКИ СОВЕТ ЗА ФИНАНСИСКИ, ЦАРИНСКИ, ДАНОЧНИ И ДРУГИ ПРАВА

 V-УЖ-3.358/2016, Судија Мирјана Василевска

 Сентенца-основ:Трговска марка

 „Со трговска марка не може да се заштити знак кој е идентичен или сличен со порано пријавената или регистрираната трговска марка на друго лице за ист или сличен вид стоки, односно услуги доколку таа сличност може да го доведе во заблуда просечниот потрошувач како што е во конкретниот случај. На заинтересираното лице со Решение му се признава право на стоковна индивидуална трговска марка по пријава на трговска марка со право на првенство. Од друга страна, пријавата на трговска марка е поднесена подоцна, што езаведено во трговскиот регистар на трговски марки.“

VI-УЖ-3531/2016, Судија Мирјана Василевска

 Сентенца – основ: Данок на промет на недвижности

„Напротив, тужителот како заинтересирано лице по друг основ и по одреден временски период по настанот, во граѓанска постапка го раскинал предметниот договор што не претставува правен основ за поврат на претходно уплатени средства по поднесена даночна пријава по која е донесено решение за утврдување данок на промет на недвижности, ниту основ за ослободување од даночната обврска.“

 VII–УЖ-3 бр.786/16, Судија Загорка Тноковска

 Сентенца–основ:Заштита на авторски музички права

 „Здружението за заштита на авторски и музички права не може да биде тужена страна на управно-судската заштита, затоа што не станува збор за здружение кое решава во управни работи, па оттука и оспорената одлука нема третман на управен акт согласно со Законот за управните спорови.“

 VIII–УЖ-3 бр. 1/17, Судија Загорка Тноковска

 Сентенца–основ:Примена на Закон за даночна постапка во однос на Законот за трговски друштва

„Примената на Законот за трговски друштва нема законска основа во даночната постапка со која се регулира даночно -правниот однос, имајќи го притоа предвид фактот дека со Законот за даночна постапка се уредува даночната постапка. Оттука Законот за даночна постапка не разликува поим ‘содружници’,туку ‘даночни обврзници’, а под овој поим се подразбираат физички и правни лица кои должат данок, гарантираат за данок, треба да платат данок за сметка на трето лице, а во согласност со член 4 од Законот за даночна постапка. Исто така, со член 18 од истиот закон се утврдени даночните должници, поради што во конкретниот случај одредбите од Законот за даночна постапка се lex specialis во однос на Законот за трговски друштва.“

Билтен на Вишиот управен суд – сентенците и образложенијата на сентенците во целост

М.В