Сентенци на Врховниот суд за трансформација на работен однос и за понуда на нов променет договор
Врховниот суд објави сентенца во врска со работните односи, односно за работа кај ист работодавач како услов за трансформација на работен однос од определено на неопределено време.
Сентенца
Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи кај ист работодавач, со прекин или без прекин по истекот на рокот од пет години работен стаж или ако работи повеќе од две години на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи и за кое се обезбедени финансиски средства.
Образложение
Ревизијата е неоснована. Неосновани се наводите во ревизијата за погрешна примена на материјалното право. Поаѓајќи од утврдената фактичка состојба, по наоѓање на овој суд, правилно второстепениот суд го применил материјалното право кога повикувајќи се на одредбите од член 46 став 1, 3 и 4 од Законот за работните односи, ја преиначил првостепената пресуда и го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката, наоѓајќи дека во случајов не се исполнети условите предвидени од горе наведениот член, за трансформација на работниот однос на тужителката од определено на неопределено време кај тужениот. Повеќе за сентенцата на следниот линк.
Исто така, Врховниот суд објави сентенца во врска со работните односи, односно за понуда на нов променет договор
Сентенца
Кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов променет договор за вработување, должен е да го наведе основот за отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението.
Работодавачот не може да го откаже договорот за вработување поради неприфаќање на измената на договорот од страна на работникот.
Образложение
Ревизијата е неоснована. Неоснован е и наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право, со оглед на утврденото во фактичката состојба. Повеќе за сентенцата на следниот линк.
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В