/ Прочитано:

2.515

Сентенци на Врховниот суд за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар

Врховниот суд донесе и објави нови сентенци по правен основ имотни односи, односно за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар.

  • Вознемирување насочено кон физичко лице

Сентенца: Вознемирувањето насочено кон физичко лице во вид на расправии, кавги или нанесување на телесни повреди, не претставува вознемирување на сопственоста, од причина што вознемирувањето мора да биде насочено кон сопственоста и да ги ограничува или спречува можностите за реализација на сопственичко-правните овластувања.

Образложение: Ревизијата е неоснована.

Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека неоснован е наводот во ревизијата на тужителката за погрешна примена на материјалното право од страна на второстепениот суд во смисла на погрешна примена на одредбите од член 161 од Законот за сопственост и други стварни права, ако се има во предвид утврдената фактичка состојба… Сентенцата во целост.

  • Право на совладение врз неподелена ствар

Сентенца: Сосопственикот на неподелена ствар има право да бара од држателот на стварта, таа ствар да му ја предаде во совладение, не повредувајќи ги притоа правата на другите сосопственици.

Образложение:  Ревизијата е неоснована.

Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека неоснован е и ревизискиот навод за погрешна примена на материјалното право во смисла на тоа дека второстепениот суд погрешно ги применил одредбите од Законот за сопственост и други стварни права кога делумно го усвоил тужбеното барање на тужителката за предавање во владение, ако притоа се има во предвид утврдената фактичка состојба…Сентенцата во целост.

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В