Сентенци за разрешувањето директор на јавна установа и за застареност на побарувањето за надомест на штета спрема ликвидатор на правното лице
Врховниот суд објави сентенци за разрешувањето на директор на јавна установа и за застареност на побарување за надомест на штета спрема ликвидатор на правното лице.
Сентенца: Лицето разрешено од функцијата директор на Јавна установа, правна заштита против одлуката за разрешување и правните последици настанати од неа може да оствари според прописите со кои се уредуваат прашањата за изборот и разрешувањето на директор на соодветната Јавна установа, а не според Законот за работните односи.
Образложение: Ревизијата на тужителката е неоснована.
Во текот на постапката е утврдено дека тужителката со решение бр. 08-5100/1 од 05.12.2012 година донесено од Градоначалникот на Град С. е избрана за директор на тужениот. На 12.06.2013 година тужителката склучила договор за вработување бр. 040-342/1 од 12.06.2013 година со тужениот на неопределено време. во член 4 од истиот било предвидено дека работниот однос тужителката го заснова за вршење на работите на работно место директор…Сентенцата во целост.
Сентенца: Барањето за надомест на штета што ликвидаторот ќе ја причини на трети лица, односно на доверителите на друштвото и содружниците или акционерите во текот на постапката за ликвидација, застарува во рок од една година по бришењето на друштвото од трговскиот регистар.
Образложение: Ревизијата е неоснована. Неоснован е наводот во ревизијата за погрешна примена на материјалното право по однос на истакнатиот приговор на застареност на побарувањето на тужителот. Сентенцата во целост.
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В