/ Прочитано:

980

„Хајдук“ не оди во стечај, сплитската „Торцида“ го спаси фудбалскиот клуб

Понеделник, 15 октоври 2012  – Фудбалскиот клуб „Хајдук“ сепак е спасен од стечај. Градскиот совет на Сплит денеска изгласал заем за клубот во висина од 30 милиони куни. Одлуката ја донеле едногласно 16 присутни членови на советот од вкупно 25. Илјада припадници на „Торцидата“ слават пред седиштето на клубот, пренесува хрватски „Јутарњи лист“.

Членот на Надзорниот одбор на клубот Хајдук, Бранка Рамљак изјавила дека клубот во последен час се спасил од пропаст. 

„Идеме понатаму. Не чека многу работа. Денеска им е пратена порака на навивачите дека Хајдук ќе живее вечно. Ова мора да го сфатиме сериозно и да го извадиме клубот од криза, ова е порака за сите, особено за спонзорите што имаа доверба во Хајдук и видоа дека се исплати да се вложува во клубот“, изјавила Бранка Рамљак

Претседателот на Хајдук, Марин Брбиќ веднаш по одлуката изјавил дека му паднал камен од срцето. Според него овој заем ќе го однесол клубот во болница, без ова клубот немало да преживее, но сега постојат реални шанси Хајдук да ја преброди кризата.

Сплит одамна не доживеал така драматичен ден. Кога Градскиот совет најпрвин објавил дека нема да даде кредит од 30 милиони куни за спас на Хајдук, граѓаните на Сплит и фановите од навивачкиот клуб „Торцида“ се кренале на нозе. За нив ова значело дека симболот на Далмација и Сплит, стар 101 година, оди во стечај. Од изутринава „Торцида“ стоеле пред зградата на клубот и мирно го исчекувале почетокот на седницата во 9 часот. Преку илјада навивачи ја дочекале одлуката, а со тоа почнало и славењето за спасот на Хајдук.