/ Прочитано:

766

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Отворена бесплатна телефонска линија за пријавување на повреда на избирачкото право

Понеделник, 4 март 2013 – Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска почна да функционира бесплатната телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријават повреда на избирачкото право. Во предизборниот период и на денот на гласањето граѓаните неправилностите ќе можат да ги пријавуваат на 0800 54321.

Телефонската линија е финансирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик или снимената порака.

Народниот правобранител Иџет Мемети појаснува дека правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно  постапување од страна на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Тој ги охрабрува граѓаните да не се двоумат доколку сметаат дека им е повредено избирачкото право веднаш да се јават на бесплатната телефонска линија.