Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
- Подрачни единица на МВР на територија на РМ

Бесплатно телефонско закажување на:
0800 192 92, 072 929 292,
Работно време на шалтерите:
од понеделник до петок, од 7:30 до 20:30 часот

Лична карта

Личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството на Република Македонија, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Македонија. Должност на секој граѓанин со наполнети 18 години возраст е да има лична карта. По исклучок, лична карта може да му се издаде и на граѓанинот со наполнети 15 години живот, по негово лично барање, но само доколку има согласност од родителите, од законскиот застапник или од старателот.

Нужен услов за добивање лична карта е барателот претходно да има пријавено живеалиште.

Секој граѓанин може да поседува само една лична карта.

Рокот на важење на личната карта зависи од возраста на граѓанинот. Ако граѓанинот е на возраст:
• до 27 години, рокот на важење е 5 години;
• над 27 години, рокот на важење е 10 години.

Секое физичко лице со наполнети 18 години доколку нема лична карта, може да биде казнето со глоба во износ од 20 до 80 евра во денарска противвредност. Дополнително, ако не ја носи со себе личната карта, или пак ако одбие да му ја покаже на службеното лице, може да му се изрече прекршок и ќе биде должно да плати глоба во висина од 15 до 30 евра во денарска противвредност.