Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
Сектор: Управно надзорни работи
Одделение: Управни работи
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар
Тел:
0800 192 92
Локации каде се издава документот:
Станици за технички преглед на територија на РМ

Сообраќајна дозвола

За регистрирано возило се издава сообраќајна дозвола, налепница за извршена регистрација и пропишан број на регистарски таблици.

Опис на постапката

Сообраќајната дозвола ја издава или го продолжува нејзиното важење Министерството за внатрешни работи или правното лице за регистрација на возила.

Секоја измена (технички промени на возилото, промена на сопственоста, промена на адресата на живеење, одјавување на возилото и слично), која влијае на промена на податоците во сообраќајната дозвола, сопственикот е должен во рок од 15  дена од денот на настанување на промената да ја пријави во Министерството за внатрешни работи според живеалиштето,  односно седиштето на сопственикот.

Кон пријавата за промена, сопственикот на регистрираното возило е должен да приложи и докази со кои ја докажува настанатата промена.

Изгубена сообраќајна дозвола

Изгубената сообраќајна дозвола се објавува во  “Службен весник на Република Македонија”. За изгубената сообраќајна дозвола се издава дупликат согласно со податоците содржани во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи.

Барањето за издавање на дупликат сообраќајна дозвола се поднесува лично од сопственикот на возилото. Кон барањето се поднесува писмена изјава во која се наведува времето и местото на губењето на сообраќајната дозвола.

Сообраќајната дозвола за која е издаден дупликат не смее да се користи во патниот сообраќај,  а доколку истата се пронајде,  сопственикот е должен да ја врати во Министерството за внатрешни работи.

Потребни документи

  • Барање за регистрација на ново моторно возило,
  • Барање за продолжување на важност на регистрација,
  • Регистрационен лист за регистрација на земјоделски трактори, работни машини, велосипеди со мотор и приклучни возила што ги влечи земјоделски трактор и мотокултиватори,
  • Уплатница за испитување на возилo,
  • Потврда за поседување на возилo и
  • Изјава за изгубена сообраќајна дозвола.

За сообраќајната дозвола која е дотраена или оштетена на начин што оневозможува нејзино користење,  сопственикот е должен да поднесе барање за замена со нова.

Предвиден рок за постапката: веднаш, а доколку е потребно водење на постапка за проверка на податоци и документи – 30 дена.

Сообраќајната дозвола важи 1 година.

Ако во рок од 30 дена од денот на истекот на важењето на сообраќајната дозвола не се поднесе барање за продолжување на регистрацијата, возилото се брише од евиденцијата на регистрираните возила, а регистарските таблици се одземаат, односно истите му  се враќаат на органот кој возилото го регистрирал.