Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Странци

Странец е и лице без државјанство, односно лице кое ниедна држава по сила на својот закон не го смета за свој државјанин.

Странците за време на нивниот законски престој во Република Македонија ги имаат истите права и обврски како и државјаните на Република Македонија, освен ако поинаку не е определено со закон.

За време на престојот во Република Македонија,  странците се должни да се придржуваат кон Уставот на Република Македонија, законите,  другите прописи и актите на органите на државната власт, како и во согласност сообврските утврдени со ратификуваните меѓународни договори.