Информации

Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ

А-тест

Упатот на А-тест може да настане поради неколку причини:

  • Вградување на плински уред во возилото;
  • поставување на двојни команди;
  • утврдување на техничките карактеристики на возилото и
  • пренамена на возилото од патничко на товарно и обратно и сл.

Постапка за атестирање на веќе регистрирано (половно) возило со вграден плински уред

Постапка за атестирање:

Пред да започне постапката потребна е фотокопија од документите кои ги добивате, како и од сообраќајната дозвола, што ќе биде потребно при натамошните активности:

  1. Се зема записник за вграден автогасен уред од станица за технички преглед лоцирана во градот каде што е регистрирано возилото.
  2. Се зема упат од Машински Факултет или Аутомакедонија од МВР-Отсек моторни возила, во градот каде што е регистрирано возилото.
  3. Се закажува термин за преглед на возилото на:
  • Машински Факултет
  • Аутомакедонија ЕТЦ
  • АМСМ Услуги.

Откако ќе ги добие документите од А-тест прегледот, сопственикот оди во станица за технички преглед, на шалтерот на МВР, каде ќе му се издаде сообраќајна дозвола во која покрај типот на возило ќе стои ознаката „ТНГ“ (Течен Нафтен Гас).

По завршување на постапката на Машински факултет, лицето се упатува во МВР каде што упатот се заверува со печат и потоа повторно доаѓа во Станицата за Технички преглед.

Потребни документи

  • Барање за А-тест кое се добива на шалтерите за регистрација (станици за технички преглед на територијата на РМ);
  • сообраќајна книшка од возилото;
  • записник за А-тест (од страна на контролорите) и
  • упат за А-тест (во МВР) до службеното правно лице лиценцирано за вршење на А-тест (Машински факултет).