Информации

Адвокатска комора на РМ
ул. „Даме Груев“ 3, 1000 Скопје
тел. +389 2 3165 409
факс. +389 2 3212 452
e-mail. lawyermk@mba.org.mk

Адвокатска комора на РМ

Адвокатите во Република Македонија се организираат во Адвокатската комора на Република Македонија.

Адвокатската комора на Република Македонија има својство на правно лице и во својата работа е самостојна и независна. Адвокатската комора на Република Македонија:

  • решава за стекнување и престанок на правото на вршење адвокатска дејност и упис и бришење во Именикот на адвокатите;
  • Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници;
  • врши упис и бришење во Именикот на адвокатските друштва;
  • решава за одговорноста за повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата;
  • решава за привремена забрана на вршење адвокатска дејност;
  • донесува Тарифа за награда и надоместок на трошоците на адвокатите;
  • донесува акти на Комората;
  • донесува Кодекс на адвокатската етика;
  • се грижи за стручно оспособување и усовршување на адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници и
  • дава мислење за реципроцитет на барање од надлежен државен орган.