Информации
Агенција за администрација
ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3094-200
Факс:
+389(2) 3082-937
email:
kontakt@aa.mk
web:
www.ads.gov.mk
Агенција за администрација
Согласно измените на Законот за државни службеници, Агенцијата за администрација претрпе структурни и кадровски промени. Имено, од 1.1.2011 година Агенцијата за државни службеници се преименува во Агенција за администрација. Структурните промени подразбираат премин на некои од надлежностите и вработените носители на тие надлежности од Агенцијата за државни службеници во Министерството за информатичко општество и администрација. Па оттаму остана Агенцијата за администрација да ги врши следниве работи:
- дава писмена согласност на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места на органите на државната служба;
- организира и спроведува постапка за селекција и вработување на државен службеник;
- oдлучува по жалби и приговори на државните службеници, како второстепен орган и
- врши и други работи утврдени со закон.
Надлежности на Агенцијата за администрација (МИОА)
- согласноста за превземање на на државен службеник од еден во друг орган на државната служба ја дава МИОА,
- начинот на спроведувањето на пробната работа, полагањето на стручен испит и начинот на оценување на пробната работа го пропишува Министерот од МИОА,
- ги собира извештаите за изречена дисцилинска и материјална одговорност на државен службеник,
- Давање на мислење на годишните планови за обука,
- поднесувањето на иницијативи до овластениот предлагач за донесување и изменување на Законот за државните службеници,
- подготвувањето на подзаконски акти кои се однесуваат на државните службеници, а ги донесува Владата на Република Македонија,
- донесувањето на подзаконски акти за кои е овластено со закон,
- ги собира извештаите за оценување на државните службеници од органите на државната служба,
- грижата за исполнување на обврските кои произлегуваат за органите на државната служба од Законот за државните службеници, кои се однесуваат на доставувањето на извештаи за оценување, годишни планови за соодветна и правична застапеност и програми за обука,
- подготвување на стратешки документи поврзани со стручното усовршување и обуката на државните службеници,
- организирањето и спроведувањето на генерички обуки за државните службеници,
- водењето на Регистарот на државните службеници,
- обезбедувањето на единствената примена на Закон за државните службеници и другите прописи што се однесуваат на државните службеници,
- собирањето на годишните планови за соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната служба,
- пропишувањето на содржината на годишниот план за соодветна и правична застапеност на заедниците во органите на државната служба,
- собирањето и обработката на податоците за вработените припадници на заедниците во органите на државната служба.