Информации

Jaвно претпријатие за државни патишта
Даме Груев 14
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3118-268

Јавно претпријатие за државни патишта

Јавното претријатие е правно лице со јавни овластувања утврдени со овој Законот за државни патишта, со сметка во рамките на трезорската сметка и се запишува во Централниот регистар на Република Македонија.

Јавното претпријатие за државни патишта во рамки на приоритетната дејност ги врши следните работи:

  • управување со државните патишта;
  •  предлага петгодишнa програмa за развој и одржување на државните патишта;
  •  постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта;
  •  преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта;
  •  вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта;
  •  наплата на надоместоците за користење на јавните патишта;
  •  задолжувања кај домашни и странски финансиски институции;
  • организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување, заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со закон;
  • давање на вршење на работите за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување, заштита, наплатата на патарина на државните патишта на правни лица во согласност со закон;
  •  предлагање одлука за започнување на постапка за давање на концесија и/или јавно приватно партнерство на државен пат;
  •  издава одобренија, одобрувања и дава мислења согласно со Законот за јавните патишта;
  • организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци;
  • применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите (PMS) и систем на управување со одржувањето на мостовите (BMS);
  • поддршка за изградба на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.