Информации
Агенција за електронски комуникации на РМ
Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
тел.+389 (2) 3289 - 200
факс.+389 (2) 3224 - 611
Е-пошта. contact@aec.mk
Агенција за електронски комуникации (АЕК)
Агенцијата за електронски комуникации е основана со Законот за електронски комуникации („Службен весник на РМ“ бр. 13/2005, 14/2007 и бр. 55/2007 и бр.98/2008 и бр. 83/2010), во 2005 година, како независно регулаторно тело на пазарите за електронски комуникации.
Со цел пазарот на електронски комуникации да се регулира на систематски начин, Агенцијата има цврсто дефинирани цели коишто треба да се постигнат. Агенцијата има насоки за да се постигнат целите за конкурентен пазар во кој ќе се создадат услови за крајните корисници да ги користат електронските комуникациски услуги со најдобар квалитет и по најповолни цени.
Делокруг на работа на Агенцијата
- Агенцијата ги извршува работите од својот делокруг во согласност Законот за електронски комуникации и прописите донесени врз основа на него, како и врз основа на националната стратегија за развој во областа на електронските комуникации и информатичките технологии, други стратешки документи, акциони планови од областа на електронските комуникации и медиумите и меѓународните договори од областа на електронските комуникации што ги склучила или на кои им пристапила Република Македонија.
- Агенцијата при одлучувањето за работите од својот делокруг треба да биде неутрална во однос на применетите технологии, а донесените одлуки да бидат пропорционални на целите што треба да се постигнат со нив.
- Агенцијата, во рамките на својот делокруг на работа, промовира ефикасна конкуренција во областа на електронските комуникациски мрежи и услуги, придружни капацитети и други услуги со:
- овозможување на корисниците, вклучувајќи ги и крајните корисници со посебни потреби, да ги користат поволностите во смисла на избор, цена и квалитет на пристапот до електронските комуникациски услуги;
- заштита на нарушување или ограничување на конкуренцијата во областа на електронските комуникации;
- стимулирање на ефикасно инвестирање во изградба на инфраструктурата и поддршка на иновации;
- промовирање на ефикасно користење на радиофреквенциите и нумеричкиот простор како ограничен природен ресурс и
- овозможување во слични околности да нема дискриминација во третманот на операторите на електронски комуникациски мрежи и давателите на електронски комуникациски услуги.
Седиштето на Агенцијата за електронски комуникации е на Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,, со центри за контрола и мерење лоцирани во Скопје, Битола и Штип.