Информации
Агенција за иселеништво на РМ
ул. Македонија бр. 19, 1000 Скопје
тел. + 389 (2) 3228 212
факс. + 389 (2) 3118 539
e-mail. info@minisel.gov.mk
Агенција за иселеништво
Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на:
- положбата и правата на иселениците од Македонија;
- помагањето на нивниот културен развој и унапредувањето на врските со нив и нивните организации;
- запознавањето на иселениците од Македонија со состојбата во Република Македонија;
- создавањето услови за враќање на иселениците во Република Македонија и
- создавањето услови за вклучување на иселениците во јавниот и економскиот живот на Република Македонија и врши и други работи утврдени со закон.
Агенцијата за иселеништво има својство на правно лице.