Информации

Надлежен орган:

  • Агенција за катастар на недвижности

Генерална дирекција: ул. „Трифун Хаџијанев" бр.4 1000 Скопје Телефон: (02) 3204 800 Факс: (02) 3171 668

Website: www.katastar.gov.mk

Работно време: 8:30-16:30

Агенција за катастар на недвижности

За вршење на работите на востановувањето и одржувањето на катастарот на недвижностите, управувањето со геодетско-катастарскиот информациски систем, како и воспоставувањето, одржувањето и јавниот пристап до Националната инфраструктура на просторни податоци, основана е Агенција за катастар на недвижности (АКН). АКН има својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за катастар на недвижности, а за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија. Таа работи врз основа на принципите на законитост, стручност, ефикасност, отвореност, сервисна ориентација, професионалност и одговорност за работењето и постигнатите резултати.

Надлежност на АКН е: 

  – формирање и управување со геодетско-катастарскиот  информациски систем,
– вршење основни геодетски работи
,
– вршење премер на недвижностите
,
– запишување права на недвижностите
,
– востановување и одржување на катастарот на недвижностите
,
– геодетски работи за посебни намени од значење за Република Македонија, утврдени од Владата на  Република Македонија
,
– изготвување државни топографски карти
,
– водење регистар на просторни единици
,
– воспоставување, одржување и овозможување јавен пристап до Националната инфраструктура на просторни податоци
и
– вршење надзор на работењето на трговците-поединци (овластени геодети) и на трговските друштва за геодетски работи.

Со АКН управува Управниот одбор кој  е составен од пет члена, и тоа: по еден член на предлог од Министерството за правда, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со АКН раководи директор кој има свој заменик.