Информации

Агенција за млади и спорт на РМ
ул. Македонија бр.38 (Палата Панко Брашнаров) 1000 Скопје тел: 02/3119 628 факс: 02/3117 693 contact@ams.gov.mk

Агенција за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт ги врши работите што се однесуваат на:

  • грижата за психофизичкиот развој на младите и нивната заштита од болести на зависности, проституцијата, криминалот и други социопатолошки појави;
  • грижата за статусот на младите;
  • поттикнувањето и помагањето на различните облици на организирање на младите;
  • преземањето активности за создавање услови за задржување во Република Македонија на способните и талентирани млади, како и создавањето услови за стимулирање на нивното враќање во Република Македонија;
  • следењето на спортските и спортско-рекреативните активности од областа на спортот и
  • следењето на развојот на врвниот спорт и врши и други работи утврдени со закон.

Агенцијата за млади и спорт има својство на правно лице.