Информации

Агенција за разузнавање
ул. „III Македонска бригада“ бб, 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 2442 226
Факс:
+389(2) 3294 098
e-mail:
ia@ia.gov.mk

Агенција за разузнавање

Агенцијата за разузнавање е формирана како посебен орган на државна управа со Закон за Агенцијата за разузнавање донесен во април 1995 година.

Собира податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната на Република Македонија и стопанските, политичките и други интереси на државата.

Врши анализи и истражувања на податоците и информациите и задолжително го известува Претседателот на Република Македонија, Владата на Република Македонија и други државни органи за прашања од значење од нивниот делокруг.

Соработува со државни органи за прашања од заеднички интерес. Во остварувањето на меѓусебна соработка, Агенцијата и државните органи се должни заемно да си достават податоци, известувања, информации и да ги координираат акциите од надлежност на Агенцијата.