Информации
Агенција за регулирање на железничкиот сектор
„Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр. 52/1/4
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:+389(2) 3220-407
Факс:+389(2) 3220-407
Агенција за регулирање на железничкиот сектор
Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги е основана за обезбедување увид и непристрасно извршување на дејностите во железничкиот превоз, кои се вршат како услуги од јавен превоз и да овозможи транспарентно и недискриминаторско работење на управителот на инфраструктурата и железничкиот превозник.
Агенцијата ги извршува работите од својот делокруг во согласност со Законот за Агенцијата за регулирање на пазарот на железничките услуги (во понатамошниот текст:Законот) и Статутот на Агенцијата. Во својата работа и при донесување на одлуки во рамките на своите овластувања, Агенцијата е независна од други државни органи или други јавни правни лица или трговски друштва што вршат дејност од областа на железничките услуги.
Агенцијата ги има следните надлежности:
Решава по жалби на железничкиот превозник по актите донесени од управителот на инфраструктурата по однос на: – објавата на мрежа; – критериумите содржани во објавата на мрежа; – постапката и процесот на распределба на инфраструктурните капацитети и резултатите од водената постапка на управителот на инфраструктурата; – критериумите за одредување на пристап за користење на железничката инфраструктура; – висината и структурата на пристап за користење на железничката инфраструктура и – одлуката за одобрување на пристап на железнички превозник на железничката инфраструктура.
- Решава и други случаи со кои се осигурува пристап и користење на железничката инфраструктура од страна на управителот на инфраструктурата и превозникот;
- Врши надзор над квалитетот на давањето на железничките услуги од страна на железничкиот превозник;
- Во својата работа, заради унапредување и развој на железничкиот сообраќај и транспорт во Република Македонија постапува согласно со препораките на Европската комисија и Европската унија, како најдобри светски практики;
- Соработува и разменува информации за својата работа, како и за практиките за усогласување на принципите за одлучување со регулаторните тела од други држави;
- Соработува со државни тела и органи одговорни за хармонизацијата на националната регулатива со регулативата на Европската унија;