Информации

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
Ул. „Васил Главинов“ бб, Интекс Бизнис Центар 2
1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3166-452
Факс:
+389(2) 3217-573
email:
contact@mapas.gov.mk

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)

Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување е самостојно и независно регулаторно тело кое одговара пред Собранието на Република Македонија. Целта на основањето на Агенцијата е заштита на интересите на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.

Надлежности на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување

Агенцијата ги врши следниве работи:

  • спроведува активности за прибирање барања за основање пензиски друштва , повлекува или укинува, повлекува и одзема дозволи за основање на пензиски друштва, издава дозволи за вршење дејност – управување со доброволни пензиски фондови, дозволи за вршење дејност –  управување со задолжителни пензиски фондови и издава, одобренија за управување со задолжителни и/или доброволни пензиски фондови;
  • врши супервизија на работењето на пензиските друштва и пензиските фондови со кои тие управуваат, а особено го контролира законитото работење на истите;
  • врши супервизија на работењето на правните лица кои се чувари на средствата на задолжителните и/или доброволните пензиски фондови и на странските менаџери на средства на задолжителниот и/или доброволниот пензиски фонд во врска со работењето со тие средства;
  • го промовира, го организира и го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување во Република Македонија, во соработка со Министерството за труд и социјална политика;
  • ја развива свеста на јавноста за целите и принципите на пензиските друштва и на задолжителните и доброволните пензиски фондови, за придобивките од членување во задолжителен и/или доброволен пензиски фонд, вклучувајќи ги и целите, принципите и придобивките од учество во професионална пензиска шема, за правата на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови и за други прашања во врска со  капитално финансираното пензиско осигурување;
  • дава предлог за покренување на прекршочни и кривични постапки пред надлежен орган против пензиските друштва, чувари на имот на задолжителни и/или доброволни  пензиски фондови, странски менаџери на средства и други лица во случај на повреда на одредбите на овој закон и на други закони;
  • ги следи и ги разгледува финансиските извештаи на задолжителните и доброволните пензиски фондови и на пензиските друштва;
  • води регистар на агенти, регистар на членови на задолжителни пензиски фондови и регистар на задолжителни и доброволни пензиски фондови.
  • заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на капитално финансираното пензиско осигурување и на финансискиот сектор, соработува со Министерството за  финансии, Народната банка на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и со други органи и институции во земјата и во странство. Обемот, содржината и формата на соработка подетално меѓусебно ги уредува Агенцијата со  надлежните органи и институции;
  • соработува со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во делот на овластувањата што му се доверени на тој фонд со овој закон;
  • ги обработува личните податоци согласно со прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци;
  • бара и дава лични податоци на користење согласно со прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци;
  • донесува акти согласно со овој закон и согласно со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;
  • донесува интерни упатства за својата работа и изготвува стручни упатства, прирачници и слично, во врска со капитално финансираното пензиско осигурување;
  • иницира донесување на прописи и други акти во врска со пензиските друштва и со пензиските фондови со кои тие управуваат;
  • се зачленува и учествува во домашни и меѓународни организации, кога таквото  учество е во интерес на македонскиот пензиски систем и
  • врши други работи согласно со овој закон и согласно со Законот за доброволно  капитално финансирано пензиско осигурување .