Информации

Агенција за супервизија на
Ул. Васил Главинов бр. 12, ТЦЦ ПЛАЗА, кат 2 1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: 02/3254-050, 02/3290-240 contact@aso.mk Лице за комуникација со граѓани, кои што имаат некаков вид и степен на попреченост: Весна Симоновска телефон за контакт: 02/3254-056

Агенција за супервизија на осигурувањето (АСО)

Правната рамка за воспоставување и функционирање на Агенцијата е пропишана со Законот за супервизија на осигурување. Агенцијата има својство на правно лице и за својата работа одговара пред Собранието на Република Македонија. Орган на управување нa Агенцијата е Советот на Експерти кој се состои од претседател и 4 члена.

Законските надлежности на Агенцијата се однесуваат на:

  • Спроведување на супервизија над друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери и застапници, правните лица кои се поврзани со друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување, како и
  • Издавање и одземање дозволи, согласности и лиценци, изрекување супервизорски мерки,  донесување подзаконски акти и давање предлози за донесување на закони, членување во меѓународни асоцијации од областа на осигурувањето, соработување со други надзорни органи и поттикнување на развојот на осигурувањето.