Информации

Агенција за цивилно воздухопловство
Ул. „Даме Груев“ бр.1
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел.
+389(2)3114-046
Факс.
+389(2)3115-708br>
e-mail:
contact@caa.gov.mk

Агенција за цивилно воздухопловство

За вршење на работите од областа на воздухопловството утврдени со Закон за цивилно воздухоплоство се основа Агенција за цивилно воздухопловство.

Агенцијата е независно регулаторно тело со јавни овластувања утврдени со Закон за цивилно воздухоплоство. Агенцијата во својата работа и при донесување на одлуките во рамките на своите овластувања е целосно политички, финансиски и функционално независна од друг државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво што врши дејност од областа на воздухопловството и е непристрасна кон нив. Агенцијата стекнува статус на правно лице со запишување во Централниот регистар на Република Македонија. Седиштето на Агенцијата е во Скопје. Агенцијата има Статут со кој се уредуваат прашањата значајни за организација на работата на Агенцијата. Агенцијата има своја ознака, односно лого утврдени со Статутот. Со цел за извршување на определени активности во рамките на своите надлежности, Агенцијата може да ангажира домашни или странски правни или физички лица, имајќи го предвид конфликтот на интереси.

Агенцијата ги има следниве надлежности:

  • врши работи од својот делокруг во согласност со прописите од областа на воздухопловството, како и врз основа на Националната стратегија за развој на воздухопловството и меѓународните договори од областа на воздухопловството, ратификувани од Република Македонија со цел за безбедно и редовно одвивање на цивилното воздухопловство,
  • врши надзор над примената на прописите од областа на воздухопловството,
  • учествува во подготовка на предлог на закони од областа на воздухопловството,
  •  донесува подзаконски акти од областа на воздухопловството кои се предвидени со овој закон,
  •  одобрува Зборник на воздухопловни информации,
  •  води постапка и одлучува за издавање, продолжување, обновување, промена, суспендирање и повлекување на дозволи, овластувања, уверенија, одобренија и други писмена утврдени со овој закон, како и евиденција на истите,
  •  врши регистрација на воздухоплови, аеродроми, леталишта и евиденција на терени,
  • предлага мерки за развој и примена на нови технологии во воздухопловството,
  • организира и координира активности поврзани со потрага и спасување на воздухоплови,
  •  изготвува литература од областа на воздухопловството и
  • врши други работи утврдени со прописите од областа на воздухопловството.