Информации
Академија на судии и обвинители
Бул. „Јане Сандански“ бр. 12, 1000 Скопје
Тел: +389 22401 560
Факс: + 389 22401 570
Академија за судии и јавни обвинители
Академијата врши прием и стручно усовршување на идните судии и јавни обвинители, континуирано стручно усовршување и унапредување на знаењата на веќе избраните судии и јавни обвинители при вршењето на нивната функција, како и усовршување и обука за професионално, етичко и стручно извршување на работните задачи на субјектите од членот 1 на Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, во согласност со закон и меѓународните стандарди и принципи.
Дејност на Академијата
Академијата врши прием и стручно усовршување на идните судии и јавни обвинители, континуирано стручно усовршување и унапредување на знаењата на веќе избраните судии и јавни обвинители при вршењето на нивната функција, како и усовршување и обука за професионално, етичко и стручно извршување на работните задачи на субјектите од членот 1 на Законот за Академијата на судии и обвинители, во согласност со закон и меѓународните стандарди и принципи.
Академијата својата дејност ја спроведува преку:
- прием на слушатели на почетна обука по пат на организирање и полагање на приемен испит,
- организирање и спроведување на почетна обука на идните кандидати за судии и јавни обвинители во основните судови и основните јавни обвинителства и спроведување на завршен испит,
- организирање и спроведување на континуирана обука за унапредување на стручноста на судиите и јавните обвинители,
- организирање и спроведување на континуирана обука на стручните служби во судството и јавното обвинителство, како и обука на субјектите наведени во членот 1 Законот за Академијата за судии и јавни обвинители ,
- спроведување на аналитичка дејност од областа на правосудната теорија и практика и
- врши и други работи утврдени со закон и Статутот на Академијата.
Заради спроведување на дејноста, Академијата:
- организира и спроведува домашни и меѓународни конференции, тркалезни маси, семинари, студиски програми за стручни посети и други форми на обука и стручно усовршување,
- воспоставува и одржува соработка на полето на обуката со сродни домашни и странски институции, организации, здруженија и фондации, посебно со професионалните здруженија на судиите и јавните обвинители и коморите, а заради развој на концептот на интердисциплинарна и социјална димензија на обуките,
- соработува со европските мрежи на институциите за обука, Лисабонската мрежа при Советот на Европа и Европската мрежа за тренинг на Европската унија, остварува меѓународна размена на судии, јавни обвинители, како и субјектите наведени во членот 1 од овој закон,
- организира и води библиотека,
- издава публикации и врши друга издавачка дејност за свои потреби,
- остварува соработка со правните факултети заради развој на програми за професионално ориентирање и подготвување на студентите од правните факултети за прием во Академијата и
- организира и учествува во истражувачки проекти и други дејности од значење за унапредување и усовршување на обуките во правосудството.