Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ул. Аминта Трети бр. 2 1000 Скопје Република Македонија
тел:(02) 3134 477
факс:(02) 3230 429
е-пошта: info@mzsv.gov.mk
Агенција за потикнување на развојот на земјоделството
ул. 3-та Македонска бригада бр 20 зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје Македонија
тел:+ 389 (0) 2 3097 450 факс:+389 (0) 2 3097 454
E-mail адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

Земјоделски субвенции – директни плаќања 2015

Право на користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2015 година имаат земјоделски стопанства запишани во Eдинствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). 

Спроведување на мерките за директни плаќања по површина се врши врз основа на барања кои треба да содржат податоци за површината на катастарските парцели евидентирани во ЕРЗС најдоцна до 15 март 2015 година. Максималната дозволена површина на катастарските парцели за кои се поднесува барање дополнително е ограничена со површината евидентирана во Системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП) со утврдена употреба на земјоделско земјиште на земјоделското стопанство со состојба на 15 март 2015 година.

При контролата на самото место утврдувањето на големината на површината на декларираната култура се врши на целокупната парцела евидентирана во СИЗП и за сите СИЗП парцели, кои како подлога целосно или делумно ги имаат катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и кои се наведени во барањето.

Спроведување на мерките на директните плаќања во поглед на утврдување на бројната состојба на говеда, овци, кози и презимени пчелни семејства се вршат врз основа на податоци од Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесување на барањето. Утврдување на бројна состојба на маторици, ноеви и полжави се врши врз основа на потврди издадени од регистрирани ветеринарни друштва.

Спроведување на дополнителните директните плаќања за домашните животни од автохтони раси во поглед на утврдување на бројната состојба на говеда, овци и кози се вршат врз основа на податоци од Матичната книга на Признатата организација на одгледувачи, потврдени од Призната организација на одгледувачи, а заверени од вршител на јавна услуга за спроведување на мерки и активности од Заедничката Основна Програма за Одгледување на Добиток (ЗОПОД).

Корисникот на средства треба да ги има исполнето и следните услови:

  • Барањето до подрачните единици на МЗШВ да го поднесе во утврден рок,
  • Да овозможи вршење на контрола од страна на контролорите на Агенцијата на сите земјоделски
  • површини и сите домашни животни,
  • Да достави дополнување на бараната документација во рок кој е утврден од страна на Агенцијата,
  • Да ги исполнува барањата пропишани во Листата на посебни минимални услови за добра
  • земјоделска пракса и заштита на животната средина.
  • Да ги почитува обврските кои произлегуваат од Наредбата за здравствена заштита на животните
  • и Законот за идентификација и регистрација на животните.

Корисникот на средства треба да ги има подмирено сите финансиски обврски по следните основи:

  • обврски кон Агенцијата;
  • обврски по основ на закуп за користење на државно земјоделско земјиште;
  • обврски по основ на закупнина за користење на државни пасишта;
  • обврски по однос на воден надомест;
  • обврски по основ на концесија на рибите за стопански и рекреативен риболов;
  • обврски по основ на концесија за давање на дивечот во ловиштата на користење;
  • обврски по основ на склучени договори за користење на средства од компензациони фондови од странска помош за кои е надлежно министерството и
  • обврски по основ на даноци и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Користењето и исплатата на средствата се врши откако ќе се спроведе постапка за подмирување на неплатени, а доспеани финансиски обврски на корисникот на средствата од износот на одобрената финансиската поддршка.

Постапка за поднесување на барање за директни плаќања

1. Проверки пред поднесување на барање

Пред поднесување на барањето до подрачната единица на МЗШВ, а најдоцна до 15 март 2015 година, носителот на земјоделското стопанство треба да ги направи следните проверки односно ажурирања во соодветните регистри:

  • Проверка на евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кој се води во подрачните единици на Министерството и тоа: лични податоци и податоци за катастарските парцели,
  • Проверка на евидентирани податоци во Системот за идентификација на земјишни парцели кој се води во подрачните единици на Министерството ,
  • Проверка на евидентирани податоци во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни во ветеринарното друштво со кое сточарот има склучено договор.

ВАЖНО!!! Поднесувањето на барањата за мерките по површина се врши врз основа на податоците во ЕРЗС и СИЗП со состојба на 15 март 2015 година. За упишаните парцели по овој рок нема да се исплаќаат директни плаќања за 2015 година.

Поднесување на барање за директни плаќања

Барањето се поднесува на пропишан образец во електронска форма во подрачната единица на министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

За мерките по површина барањето се пополнува со податоци за катастарски парцели запишани во ЕРЗС со максимално дозволена големина на површината која е евидентирана во СИЗП и тоа по дефинирано право на сопственост/користење и по тип на употреба на земјоделско земјште.

За мерките за говеда, овци и кози барањето се пополнува со податоци за броеви на ушни маркици запишани во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

По целосно по полнување на барањето со личните податоци, површините, културите, животните и мерките, истото се печати и се потпишува од страна на подносителот.

Еден примерок од барањето барателот задржува за себе. Барателот е должен да ја чува целата документација за користена финансиска поддршка најмалку пет години. 

Исплатата на средства се врши на трансакциски сметки на барателите откако ќе се утврди дека барателот ги исполнува условите утврдени во програмата.

ВАЖНО!!!

Пред потпишување на барањето задолжително да се прочитаат внесените податоци. Да се об- рне внимание на сите податоци за земјоделските парцели, бројот на ушните маркици за сите грла добиток и избраната мерка/подмерка. Процес на обработка се извршува само за евидентираните парцели, броеви на ушни маркици и мерки/подмерки во барањето. За евентуални грешки на внесените податоци одговорен е барателот.

Барателот е должен да ја чува целата документација за користена финансиска поддршка најмалку пет години.

Повлекување, изменување и дополнување на поднесено барање

Барањето за директни плаќања во целост или во делови може да биде повлечено, изменето или дополнето по писмен пат од страна на подносителот најдоцна во рок од 30 дена од поднесување- то, освен доколку носителот на земјоделското стопанство е веќе информиран за намерата од из- ведување на контрола на самото место или за постоење на нерегуларност во барањето.

Писмена достава за повлекување, изменување и/или дополнување на барањето се доставува до Агенцијата, а измените се евидентираат по електронски пат во подрачната единица каде што е поднесено барањето.

Најчести грешки кои ги прават барателите

  • Поднесување на барање за површини кои се евидентирани на земјоделското стопанство во ЕРЗС и/или СИЗП по 15 март.
  • Не е пополнет податок за сите мерки за кои има можност да се поднесе барање (најчесто се про-пушта да се избере мерката за дополнителни плаќања)
  • Декларирање на број на садници кој не е во согласност со состојбата на самото место
  • Декларирање на земјоделска култура која не е во согласност со состојбата на самото место
  • Декларирање на површина со одредена земјоделска култура под утврдениот потребен минимум
  • Непочитување на периодот на задолжително чување на: говеда, овци и кози
  • Декларирање на број на животни под утврдениот потребен минимум
  • Недоставување на известување до Агенцијата за секоја настаната промена во бројот на животните во периодот на задолжително чување
  • Доставување на неуредно пополнети документи за набавен семенски материјал (се доставуваат непополнети сметкопотврди, количината за набавено семе од пченка не е изразено во килограми туку во број на пакувања или број на вреќи)
  • Доставување на потврди за заклани животни и одгледување на: маторици, ноеви и полжави кои не се уредно пополнети и не ги содржат потребните пропишани податоци
  • Продажбата на овошјето и зеленчукот не е извршена во регистриран откупувач согласно Законот за земјоделство и рурален развој
  • Продажбата на овошјето и зеленчукот не е извршена директно во преработувачки капацитет или преку еден регистриран откупувач, често пати се појавуваат поголем број на посредници
  • Пријавената количина на овошје и зеленчук не кореспондира со пријавената производна површина
  • Доставување на невалидни податоци за број на трансакциска сметка
  • Доставување на неуредно потпишано барање (барањето не е потпишано од барателот или пак не е потпишано на сите предвидени места за потпис).

Контрола на терен

На одреден процент од поднесените Барање за директни плаќања се спроведуваат и контроли на терен заради утврдување на усогласеноста на податоците од барањето за директни плаќања со фактичката состојба на самото местo како и со пропишаните услови за доделување на директните плаќања.
Исто така на одреден процент од поднесените Барање за директни плаќања се спроведуваат и контроли на терен заради утврдување на исполнувањето на барањата пропишани согласно Правилникот на Листата на посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина.
Контролите на Барањата за директни плаќања ја врши Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој односно контролори овластени од страна на Агенцијата кои се идентификуваат со легитимација, а по потреба и со лична карта и вообичаено се извршуваат без предходна најава
ВАЖНО!!!
Доколку барателот одбие или оневозможи да се спроведе контролата на самото место, барање- то за директни плаќања се одбива.