Информации

Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1 1000 Скопје
Тел. + 389 2 3290-241,
+ 389 2 3290-248
Факс.+ 389 2 3123-169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Барање за издавање податоци од Регистарот на годишни сметки

Сите субјекти се должни согласно законската регулатива во законски определениот рок, да достават годишни сметки до Регистарот за годишни сметки, односно во рок од 60 дена од денот на отварањето на постапката за ликвидација или стечајна постапка или на настанување на статусна промена.

  • Извештајот за биланс на состојба и податоци од билансот на успех се подготвува врз основа на Законот за Јавни набавки (член 150) и е дел од тендерската документација. Документот содржи: општи податоци за субјектот, податоци за средствата и изворите на средства, финансиски резултати за последните 3 години, податоци за дејноста на која и припаѓа субјектот и неговото учество во дејноста,податоци за вработените, показатели за работењето како и толкување на истите.
  • Информацијата за економско финансиска состојба на субјектот се изготвува врз основа на податоците од годишните сметки односно сметководствените искази: Биланс на состојбата и Билансот на успехот во форма на извештај со оценка на показателите за финансиската стабилност (финансиска сигурност, степен на самофинансирање и кредитна способност), показатели за ликвидноста (општа и тековна ликвидност) и деловната успешност (работење со добивка или загуба), степенот на акумулативна и репродуктивна способност и профитабилност во работењето и дава толкување на показателите. Информацијата за економско финансиска состојба на субјектот содржи и податоци за извршената економско- финансиска ревизија.

Информациите, индикаторите, преписите од годишните сметки и други податоци со кои располага Централниот регистар, можат да се добијат врз основа на доставено Барање за издавање на податоци од Регистарот на годишни сметки со дел од тарифник, во кое прецизно треба да се дефинираат потребите. Во барањето, за субјектите за кои се бараат податоци, треба да биде наведено и следното:

  • назив на субјектите, а ако се бараат податоци за периодот до 2000 година и броевите на жиро сметките што се воделе во Заводот за платен промет;
  • дата на отпочнување на деловната активност ако се работи за нов субјект, кој отпочнал со работа во тековната година.

Надоместокот за добивање на податоците од Регистарот за годишни сметки е утврден со Тарифата за висината на надоместокот за користење на услугите од Централниот регистар на Република Македонија.

Потребни документи

  • барање за издавање на податоци од Регистарот на годишни сметки со дел од тарифник;
  • документ за идентификација.