Информации

Министерство за здравство на РМ
„Водњанска“ бб, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3147 147
факс. +389 (2) 3113 014

Биро за лекови

Бирото за лекови е орган во состав на Министерството за здравство. Бирото ја следи состојбата со снабдување на лекови, помошни лекови средства, медицински помагала, опојни отрови  како и производсто и прометот со отрови и опојни дроги. Задача на Бирото е да го следи пуштањето во промет на лековите, помошните лековите средства, медицинските помагала, опојните дроги и отрови и водењето на постапката за регистрација.

Учествува во подготовка и издавање дозволи за вршење на дејност промет на мало, големо и производство на лекови, помошни лековити средства медицински помагала, опојни дроги и отров, како и подготвување дозволи за увоз и извоз на лекови, помошни лековити средства, медицински помагала, опојни дроги и отрови. Задача на Бирото е да подготвува законски и подзаконски акти, информации, анализи, извештаи и мислења за состојбите и појавите во снабдувањето со лековите, помошни лековити средства медицински помагала, опојни дроги и отрови, Подготвува и учествува во програми и извештаи што се однесуваат на лековите, отровите, опојните дроги и лековитите супстанции.

Исто така соработува со меѓународни институции од областа на меѓународната контрола од опојни дроги, прекурсори и психотропни супстанци.