Информации
Биро за метрологија
Бул"Јане Сандански 109а",
1000 Скопје
тел: 389 (2) 240 3676
факс: 389 (2) 2444 677
email: bom@bom.gov.mk
Биро за метрологија
Бирото за метрологија е орган во состав на Министерството економија. Бирото е наследник на поранешната Служба за стандардизација и метрологија, со својство на правно лице.
Бирото ги извршува работите и задачите од областа на метролошкиот систем на Република Македонија, кои се однесуваат на:
- надзор над употребата и начинот на пишувањето на законските мерни единици;
- обезбедување на следливост, и остварување, чување и одржување на националните еталони и сертифицираните референтни материјали;
- обезбедување на следливост на референтните еталони;
- калибрација на еталони и мерила;
- учество во постапката за акредитација на лаборатории за калибрација и тестирање врз основа на Законот за акредитација;
- надзор над работењето на правните лица овластени за извршување на одделни работи од областа на метрологијата;
- оцена на сообразноста на типот на мерилата;
- верификација на мерилата;
- постапка за регистрација за признавањето на важноста на ознаките и сертификатите за сообразност на типот на мерилата и ознаките и жиговите, односно сертификатите за верификација на мерилата од странско потекло;
- метролошки надзор над количините и означувањето на пакуваните производи;
- стручен надзор над примената на одредбите од овој Закон за метрологија и прописите донесени врз основа на овој и други закони;
- постојан тренинг и едукација на вработените во Бирото и во овластените правни лица;
- дефинирање на работате и задачите на метролошкиот совет и учество во неговата работа;
- консалтинг услуги за потреоите на правните и физичките лица кои вршат промет или употреба на мерила и
- соработка со други инспекциски органи и други работи и задачи во врска со спроведувањето на Законот за метрологија и прописите донесени врз основа на овој закон.