Информации

Биро за регионален развој
"Мито Хаџи Василев Јасмин" бр. 20, 1000 Скопје
тел: +389 (2) 3121 350
факс:+389 (2) 3126 411

Биро за регионален развој

Бирото за регионален развој е орган во состав на Министерството за локална самоуправа.

Бирото ги врши следниве основни работи:

  • Подготвува аналитичко документациска основа за изготвување на стратешките и оперативни плански документи за регионален развој;
  • Ја изработува предлог-методологијата за изработка на планските документи;
  • Подготвува годишни извештаи за имплементација на Акциониот план на Стратегијата;
  • Ја изработува предлог-одлуката за критериумите и индикаторите за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби;
  • Ја изработува предлог-листата на подрачјата со специфични развојни потреби;
  • Ги изработува предлог-критериумите за степенот на развиеност на единиците на локалната самоуправа и регионите;
  • Го изработува предлог-актот за класификација на единиците на локалната самоуправа и планските региони според степенот на развиеност;
  • Дава стручна помош на центрите за развој на планските региони при подготовка на програмите за развој на планските региони и вршење на други активности поврзани со регионалниот развој;
  • Ги информира засегнатите страни за видовите и обемот на средствата и инструментите за поттикнување на регионалениот развој;
  • Воспоставува и се грижи за информацискиот систем за регионалниот развој во соработка со Државниот завод за статистика и
  • Врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон.