Информации

Државен завод за заштита на индустриска сопственост
ул. „11 Октомври“ бр.25 Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3103-601
Факс:
+389(2) 3137-149

Државен завод за заштита на индустриска сопственост

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија е самостоен орган на државната управа надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост

Државниот завод за индустриска сопственост:

  •  врши прием на пријави за признавање на перавата од индустриска сопственост;
  •  спроведува управна постапка за стекнување на правата од индустриска сопственост на територијата на Република Македонија;
  • спроведува меѓународна постапка за признавање на правата од индустриска сопственост согласно меѓународните договори кон кои пристапила Република Македонија;
  • Води регистри на пријави и стекнати права;
  •  Oбјавува во службено гласило податоци за пријавени и признаени права од индуистриска сопственост;
  •  Ги прави достапни до јавноста базите на податоци за признаени права од индустриска сопственост;
  • Ја претставува државата во меѓународните, европските и регионалните организации за индустриска сопственост;
  •  Го следи развојот на меѓународната и европската регулатива и поведува иницијативи за усогласување на националната легислатива;
  • Поведува иницијативи за ратификување на меѓународни договори од областа на индустриската сопственост;
  • Дава информации за постапките за заштита на правата од индустриска сопственост во земјата и во странство;
  • Дава услуги на пребарување во базите на податоци од областа на интелектуалната сопственост;
  • Ја промовира заштитата на индустриската сопственост;
  •  Врши обука и спроведува испит за застапници од областа на индустриската сопственост.