Информации

Биро за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права
Ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389 (2) 3109-784,
Факс:
+389 (2) 3226-975

Биро за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права

Бирото е орган на државната управа во состав на Министерството за правда кое ги врши работите што се однесуваат на застапувањето и постапувањето на Република Македонија пред Судот и врши други стручни работи од надлежност на Министерството.

Бирото ги врши следниве работи: 

  •  ja претставува Република Македонија во постапките пред Судот во случаите кога Република Македонија е странка во споровите пред Судот,
  • обезбедува соработка на органите на Република Македонија со Судот и со другите органи на Советот на Европа, по прашањата кои се однесуваат на застапување на Република Македонија пред Судот,
  • подготвува одбрана и непосредно ја застапува Република Македонија во постапките пред Судот,
  •  по предметите по кои постапува посредува во контактите на Судот со домашните судови и државните органи,
  •  по предметите по кои постапува, комуницира и презема дејствија за извршувањето на пресудите на Судот, кои се однесуваат на заштитата на човековите права во рамките на Советот на Европа,
  • врши увид во судските и управните предмети, како и во секоја друга документација на државните органи, согласно со закон,
  • ракува со класифицирани информации согласно со прописите за класифицирани информации,
  • по предметите по кои постапува прибавува информации, бара објаснувања и мислења од домашните судови и државните органи,
  • во име на Владата, склучува спогодби за пријателско решавање на предметите пред Судот,
  • во име на Владата изјавува еднострана декларација,
  • врши постојана анализа на пресудите и праксата на Судот по однос на заштитата на човековите права и слободи загарантирани со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и за тоа ги известува домашните судови и државните органи,
  •  изготвува препораки за можни постапувања на домашните судови и државните органи заради извршување на одлуките на Судот во случај на констатирана повреда на Конвенцијата од страна на домашните судови и државни органи,
  • се грижи за обезбедување на усогласеност на домашното законодавство со стандардите на Конвенцијата и праксата на Судот,
  • го следи остварувањето на обврските на домашните судови и државни органи кои произлегуваат од одлуките на Судот при констатирани повреди на Конвенцијата од страна на домашните судови и државни органи,
  • ја информира Владата за текот на постапките кои се водат против Република Македонија пред Судот,
  •  за извршувањето на пресудите донесени од Судот, во координација со Министерството за надворешни работи, доставува информации до Комитетот на министри при Советот на Европа, за преземените мерки од Република Македонија,
  • учествува во работата на состаноците на Комитетот на министри кога се разгледуваат преземените мерки за извршување на пресудите на Судот од страна на Република Македонија,
  • по потреба на Владата и предлага формирање на стручни тимови за подготовка на одбраната и застапувањето на Република Македонија во постапките пред Судот,
  • соработува со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици, во постојаната едукација на судиите, јавните обвинители, адвокатите и другите правни професии, заради извршување на пресудите и примена на праксата на Судот како извор на право и
  •  врши и други работи утврдени со закон.