Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Бришење на уписот на трговецот поединец во трговскиот регистар

  1. Трговецот-поединец престанувањето на работењето му го пријавува на органот надлежен за јавни приходи.
  2. Трговецот-поединец, најдоцна три месеца пред пријавувањето на престанувањето на работењето, го објавува престанувањето на работењето и го наведува денот на престанувањето на работењето, најмалку во еден дневен весник и во деловните простории.
  3. Трговецот-поединец ги известува познатите доверители, поединечно, по писмен пат.
  4. Ова се применува и кога трговецот-поединец има намера претпријатието да го продаде или да го вложи во друштво.

Својството на трговец-поединец престанува со бришењето на уписот на трговецот-поединец во трговскиот регистар.

Бришење на уписот во трговскиот регистар

Во трговскиот регистар се запишува и престанувањето на трговец-поединец. Трговецот-поединец поднесува ОБРАЗЕЦ ПБ – Пријава за упис на бришење на субјектите запишани во Трговскиот регистар . Кон пријавата за бришење на уписот се приложуваат и останатите документи потребни при остварување на оваа постапката.

Систем на електронска регистрација

Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да ги направите сите уписи на основање, промена и бришење на субјекти на упис. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24 часа на ден.

Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.

Обрасците за упис во трговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат.

Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени со Тарифата на ЦРМ.

Потребни документи
  • ОБРАЗЕЦ ПБ – Пријава за упис на бришење на субјектите запишани во Трговскиот регистар;
  • изјава за престанувањето на трговецот-поединец;
  • доказ дека сметката на трговецот-поединец е затворена и
  • доказ дека трговецот-поединец уредно ги платил даночните обврски и придонесите за пензиско, инвалидско, здравствено осигурување и придонесот за вработување.