Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Даночна основа

Даночнаоснова на данокот на додадена вредност е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност.

Кон надоместокот припаѓа се што примателот на исполнувањето го дава за да прими добро или да користи услуга. Данокот на додадена вредност не припаѓа кон надоместокот.

  1. За прометот во земјата – даночна основа е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен ДДВ.   Во даночната основа се вклучуваат даноците, акцизите, таксите, придонесите и другите давачки пропишани со посебни закони, освен ДДВ; зависните трошоци за пакување, натовар, истовар, превоз и осигурување, провизиите и другите трошоци кои се пресметани, како и субвенциите кои се директно поврзани со цената на прометот на доброто или услугата. Во даночната основа не се вклучуваат: намалувањата на цената во форма на дисконт за авансни плаќања, ценовните дисконти, рабати и други видови намалувања на цените одобрени во времето на извршување на прометот ако тие се посебно искажани во фактурата и евидентирани во книговодството, како и проодните ставки.
  2. При земање на добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник или на вработените кај него; при промет на добра без надоместок спрема сопствениците на влог, членовите и ним блиски лица, како и при задржување на добра од даночниот обврзник при престанок со работа – даночна основа е набавната цена или доколку истата не постои, цената на чинење во моментот на прометот.
  3. При користење на добрата кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник или вработените кај него, при вршење услуги без надоместок за лични потреби на даночниот обврзник и вработените кај него или спрема сопствениците на влог, членовите и ним блиски лица – даночна основа се  издатоците за извршената услуга.
  4. Кога надоместокот за прометот на доброто или за услугата се состои целосно или делумно во промет на друго добро или услуга – даночна основа е пазарната цена на добиеното добро или примената услуга.
  5. За прометот остварен по пат на лицитација – даночна основа е постигнатата крајна цена.
  6. При промет на употребувани добра (употребувани моторни возила, уметнички и колекционерски предмети и антиквитети) – даночна основа е разликата меѓу продажната и набавната цена, ако за испораката спрема даночниот обврзник не се должи данок.
  7. При увоз на добра – даночна основа е вредноста на увезеното добро утврдена според царинските прописи. Во даночната основа се вклучуваат и: царината, даноците, акцизите, таксите и другите увозни давачки, освен ДДВ; зависните трошоци, трошоците за провизии, пакување, превоз и осигурување кои настануваат до првото место на крајната дестинација на доброто во земјата.