Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Даночни олеснувања и ослободувања кај данокот на добивка

Даночните ослободувања се состојат во намалување на даночната основа и намалување на пресметаниот данок.

Пресметаниот данок на добивка се намалува за:

  • Износот на одобреното даночно ослободување по основ на набавените и ставени во употреба до десет фискални системи на опрема за регистрирање на готовинските плаќања односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување;
  • Износот на данокот содржан во оданочени приходи / добивки во странство (задржан данок) до пропишаната стапка; и
  • Износот на данокот кој го платила подружницата во странство, за добивката што е вклучена во приходите на матичното правно лице во Република Македонија до висината на данокот утврден според даночната стапка во Република Македонија.

– Обврзникот кој е корисник на технолошка индустриска развојна зона, се ослободува од плаќање на данокот на добивка за период од 10 години од започнувањето на вршењето на дејност во зоната, под услови и по постапка утврдени со Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Нераспределена добивка

Даночниот обврзник се ослободува од обврската за плаќање данок на нераспределена добивка остварена за тековната година.

Под нераспределена добивка се подразбира разликата меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени со сметководствените прописи и сметководствените стандарди намалени за платениот данок утврден во даночниот биланс.

  • Износот којшто се распределува во вид на дивиденди и други распределби од добивката, било да е во паричен или непаричен облик, се оданочува во моментот на нивната исплата, освен дивидендите коишто даночниот обврзник ги исплатува на правни лица резиденти на Република Македонија.
  • За правни лица резиденти на Република Македонија не се сметаат лицата основани во согласност со Законот за здруженија и фондации.