Информации

Дирекција за безбедност на класифицирани информации
Ул. „Ангел Димовски” бр.8 (Касарна „Гоце Делчев“)
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел.
+389(2) 3299-820
Факс.
+389(2) 3299-829
e-mail:
direkcija@dbki.gov.mk
web:
www.dbki.gov.mk

Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е основана за спроведување на утврдената политика за заштита на класифицираните информации и на меѓународните стандарди, за реализирање на размената на класифицирани информации во согласност со меѓународните договори, за вршење инспекциски надзор на спроведувањето на одредбите на Законот за класифицирани информации и на другите прописи од областа на класифицираните информации, како и за вршење други работи утврдени со Законот.

Оттаму, произлегуваат и надлежностите на Дирекцијата, коишто по својата природа можат да се поделат во три групи:

  • надлежности со внатрешна димензија коишто се однесуваат на примената на меѓународните стандарди и норми на национално ниво во размената на класифицирани информации, вклучувајќи и соодветна заштита на примените информации;
  • надлежности со надворешна димензија коишто се однесуваат на вршењето контрола на начинот на којшто се чуваат и се заштитуваат класифицираните информации што РМ им ги има отстапено на користење на странски држави и на меѓународни организации, како и надлежностите коишто се однесуваат на учеството на РМ во евроатлантските структури и иницирањето склучување меѓународни договори;
  • други надлежности коишто се однесуваат на развивање планови за заштита на класифицирани информации во вонредни состојби, како и обука на корисниците на класифицираните информации преку организирање разни советувања, семинари и одделни консултации.