Информации
Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
Бул. „Партизански Одреди“ бр.2
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3111-166
Факс:
+389(2) 3111-177
Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
Работите сврзани со основањето, развојот и следењето на зоните ги врши Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Дирекцијата ги врши следниве работи:
- планирање и развој на зоните и обезбедување на услови за користење на просторот;
- врши анализа на локацијата и обезбедува услови за планирање на истата;
- ја обезбедува целокупната планска документација потребна за основање на зоната;
- ја обезбедува целокупната проектна – техничка документација за изградба и функционирање на зоната;
- дава одобрение за основање на зона;
- ги промовира и рекламира зоните и остварува односи со јавноста;
- привлекува основачи и корисници на зоната;
- води евиденција на дејностите во просторот на зоната;
- донесува решение за започнување со работа на корисникот на зоната;
- донесува решение за укинување на решението за започнување со работа на корисникот на зоната;
- донесува решение за започнување со работа на зоната, во случај кога основач на зоната не е Владата на Република Македонија;
- донесува акт за укинување на решението за започнување со работа на зоната, во случај кога основач на зоната не е Владата на Република Македонија;
- донесува тарифник за надоместоци за извршени услуги на основачот и тарифник за надоместоци за извршени услуги на корисникот, за кои Владата на Република Македонија дава согласност;
- остварува соработка со органите на државната управа, јавните претпријатија и трговските друштва поврзани со зоната и тоа при обезбедување на:
- согласности, одобренија, дозволи, односно сертификати утврдени со посебни закони потребни за основање, започнување со работа и работење на зоната,
- надзор над функционирањето на инфраструктурата во зоната,
- заштита на јавната безбедност и сигурност на лицата и имотот во просторот на зоната и
- заштита од недозволена трговија;
- обезбедува средства и врши исплати по однос на спроведена постапка за експропријација, процена за насади, посеви, огради и вложувања на парцелите до и во зоната, а за потребите на зоната согласно со одредбите од Законот за експропријација и согласно со одобрена планска документација, проект за инфраструктура и друга соодветна техничка документација;
- обезбедува потребна документација за основање на зоната и за градење на инфраструктурни и други објекти до и во зоната, согласно со закон;
- ја отстапува целокупната проектна – техничка документација на основачот на зоната;
- гради инфраструктурни и други објекти до и во зоната;
- може да управува со земјиштето и објектите изградени за потребите на зоната, до и во зоната, а кои се во сопственост на Република Македонија;
- го одобрува актот од членот 34 на овој закон;
- го следи работењето на зоната и по потреба предлага мерки до Владата на Република Македонија;
- дава согласност на сите договори за закуп и подзакуп меѓу основачот и корисниците, доставени од основачот на зоната;
- ги врши сите работи, освен оние за кои на основачот и/или корисникот му е потребна претходна дозвола, согласност или одобрение од надлежен орган согласно со закон;
- води евиденција за доделената државна помош и во име на давателот, односно давателите на државна помош подготвува годишен извештај и го доставува до Комисијата за заштита на конкуренција еднаш годишно, најдоцна до 31 март во тековната година, за претходната година;
- го известува даночниот орган за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата за компатибилноста и висината на доделената државна помош во вид на даночно олеснување, како и за извештајот со кој се потврдува дека инвестициите и новоотворените работни места се одржани и по истекот на секоја година во рамките на периодот од десет последователни години утврдени со членот 5 ставови (1) и (2) од овој закон, најдоцна до 31 март во тековната година, за претходната година;
- склучува договор за стопанисување и управување со технолошка индустриска развојна зона со основачот на зоната од членот 8 став (4) на овој закон;
- врши контрола врз работењето на основачите и корисниците на технолошко индустриските развојни зони и
- врши други работи поврзани со функционирањето на зоната.
- Во случај кога Владата на Република Македонија е основач на зона Дирекцијата ги врши работите од надлежност на основачот на зоната, согласно со одредбите од одобрената планска документација, проектот за инфраструктура и другата соодветна техничка документација во име на основачот, како и:
- склучува договори за закуп на земјиштетето и објектите во зоната со корисниците за кои Владата на Република Македонија дава претходна согласност,
- склучува договори за вршење на дејност со корисниците на зоната,
- обезбедува потребна документација за градење на инфраструктурни и други објекти неопходни за функционирање на зоната, согласно со закон,
- го уредува градежното земјиште и гради инфраструктурни и други објекти до и во зоната, согласно со одредбите од одобрената планска документација, проектот за инфраструктура и другата соодветна техничка документација,
- управува со земјиштето и објектите до и во зоната кои се сопственост на Република Македонија, согласно со овој закон и
- донесува правила на основачот и тарифник на основачот за извршени услуги на корисници во зона согласно со членот 34 став (1) од Законот за технолошки индустриски развојни зони, за кои Владата на Република Македонија дава согласност.