Информации

Дирекција за заштита на личните податоци на РМ
ул. „Самоилова“ бр. 10, 1000 Скопје
Тел. + 398 (2) 3244 760
Факс. + 398 (2) 3244 766
E-mail: contact@dzlp.mk

Дирекција за заштита на личните податоци

Заради вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработување на лични податоци и нивната заштита, на територијата на Република Македонија, се основа Дирекција за заштита на личните податоци, како самостоен и независен државен орган со својство на правно лице.

Дирекцијата ги има следните надлежности:

  • подготвува и донесува подзаконски акти што се однесуваат на заштитата на личните податоци;
  • развива политики и дава насоки во врска со заштитата на личните податоци;
  • врши инспекциски надзор согласно со одредбите на овој закон;
  • води управна постапка и донесува решенија при постапување по барања;
  • ја цени законитоста на обработката на личните податоци;
  • води Централен регистар;
  • издава претходно одобрение за обработката на личните податоци;
  • издава забрана за натамошна обработка на личните податоци на контролорот;
  • издава одобрение за пренос на личните податоци во други држави;
  • дава мислења по предлозите на акти во областа на заштитата на личните податоци;
  • дава мислења по предлози на кодекси на однесување што се однесуваат на заштитата на личните податоци;
  • води прекршочна постапка преку Комисијата за одлучување по прекршок во согласност со закон;
  • постапува по барањата на надзорни тела во областа на заштита на личните податоци на други држави во врска со извршувањето на нивните активности на територија на Република Македонија;
  • врши обука и дава стручна помош на заинтересирани контролори, односно обработувачи;
  • остварува меѓународна соработка во областа на заштитата на личните податоци и учествува во работата на меѓународните организации и институции за заштита на личните податоци и
  • врши други работи утврдени со закон.