Информации

Влада на Република Македонија
"Илинденска" б.б. 1000 Скопје
тел. +389(0)2 3118 022
Министерство за економија
- Сектор за Минерални суровини
Јуриј Гагарин 15, Скопје
Тел. +389 (2) 3093 408 Факс. +389 (2) 3084 472 email: contact@economy.gov.mk

Доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини по пат на јавен конкурс

Концесија за експлоатација на минерални суровини кога сопственик на резултатите од извршените детални геолошки истражувања е Република Македонија се доделува врз основа на јавен повик.

Јавниот повик  се спроведува на начин и под услови  утврдени со Законот за минерални суровини и Закон за концесии и други видови на јавно приватно партнерство.

Иницијатива за отпочнување на постапка за доделување концесија за експлоатација на минералните суровини на јавен конкурс ја поднесува заинтересирано лице кое ги исполнува условите од Законот за минералните суровини и Закон за концесии.