Информации

Влада на Република Македонија
"Илинденска" б.б. 1000 Скопје
тел. +389(0)2 3118 022
Министерство за економија
- Сектор за Минерални суровини
Јуриј Гагарин 15, Скопје
Тел. +389 (2) 3093 408 Факс. +389 (2) 3084 472 email: contact@economy.gov.mk

Дозвола за детални геолошки истражувања

Заради доистражување на минералните суровини за потребите на проширување на концесијата за експлоатација на определен простор кој се граничи со просторот на кој е доделена концесијата за експлоатација на минерални суровини и е во функција на рационална и одржлива експлоатација на минералните суровини се издава дозвола за детални геолошки истражувања за период од 2 години.

  •  Дозволата за вршење на детални геолошки истражувања  ја издава органот на државната управа (Министерство за економија/ Сектор за минерални суровини) надлежен за вршење на работите од областа на  минералните суровини.
  • Дозволата се издава за ист вид на минерални суровини за кои и е доделена концесијата за експлоатација.

Опис на постапка

  1. Барањето за издавање дозвола за вршење на детални геолошки истражувања се поднесува до органот на државната управа (Министерство за економија/ Сектор за минерални суровини) надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини.
  2. Кон барањето за добивање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања се приложува:
    • студија за оправданоста на барањето за издавање на дозволата за детални геолошки истражувања;
    • топографска карта во мерка 1:25.000 или 1:50.000 на која се нанесени координатите на граничните точки на локацијата за која се бара вршење на детални геолошки  истражувања;
    • елаборат од извршените детални геолошки истражувања за состојбата со резервите на минералните суровини заедно со извршена стручна оцена (ревизија) на просторот на кој е доделена концесијата за експлоатација;
    • проект за вршење на детални геолошки истражувања и
    • елаборат за оцена на влијанието врз животната средина.
  3. Органот на државната управа (Министерство за економија/ Сектор за минерални суровини) надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини, по приемот на барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања врши увид на локалитетот за кој се бара дозвола за вршење на детални геолошки истражувања и по службена должност бара мислење од единиците на локалната самоуправа и од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање, заштитата на културното наследство, транспортот и врските,шумарството и водостопанството, како и од други органи на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област, а за доставените барања за добивање на мислења се известува Државниот управен инспекторат заедно со копија од доставените барања за мислења.

Предвиден рок за постапката: министерот кој раководи со органот на државната управа (Министерство за економија/ Сектор за минерални суровини) надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини е должен во рок од 5 работни дена, сметано од денот на добивање на мислењата од органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа, на барателот да му издаде дозвола за вршење на детални геолошки истражувања.

Органот на државната управа надлежен за работите од областа на минералните суровини со решение ќе го одбие барањето за издавање на дозвола за вршење на детални геолошки истражувања во случај кога е:

  • барателот не ја приложил документацијата;
  • не постои оправданост на барањето за издавање на дозвола за детални геолошки истражувања и
  • со вршењето на деталните геолошки истражувања се загрозуваат природните ресурси, животната средина, културното наследство, шумите, земјоделското земјиште, водите,инфраструктурата или други добра чија заштита е во јавен интерес врз основа на претходно добиено мислење од органите на државната управа надлежни за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање, заштита на културното наследство, транспортот и врските, земјоделството, шумарството и водостопанството, како и од другите органи на државната управа надлежни за вршење на работите од соодветната област согласно со закон.
  • Против решението во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Потребни документи

  • барање за издавање дозвола за вршење на детални геолошки истражувања;
  • студија за оправданоста на барањето за издавање на дозволата за детални геолошки истражувања;
  • топографска карта во мерка 1:25.000 или 1:50.000 на која се нанесени координатите на граничните точки на локацијата за која се бара вршење на детални геолошки  истражувања;
  • елаборат од извршените детални геолошки истражувања за состојбата со резервите на минералните суровини заедно со извршена стручна оцена (ревизија) на просторот на кој е доделена концесијата за експлоатација;
  • проект за вршење на детални геолошки истражувања и
  • елаборат за оцена на влијанието врз животната средина.