Информации

Влада на Република Македонија
"Илинденска" б.б. 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3118 022
Министерство за економија
- Сектор за Минерални суровини
Јуриј Гагарин 15, Скопје
Тел. +389 (2) 3093 408 Факс. +389 (2) 3084 472 email: contact@economy.gov.mk

Дозвола за експлоатација на минерални суровини

Со експлоатација на минерални суровини и изведување на рударски работи може да се отпочне откако концесионерот ќе добие дозвола за експлоатација на минерални суровини.

  • Дозволата  ја издава министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. (Министерство за економија/ Сектор за минерални суровини)
  • Дозволата за експлоатација се издава со рок на важење кој не може да биде подолг од рокот на важење на концесијата за експлоатација.

Опис на постапка

  1. Дозвола за експлоатација се издава врз основа на поднесено барање до органот на државната управа (Министерство за економија/ Сектор за минерални суровини) надлежен за работите од областа на минералните суровини од страна на концесионерот.
  2. Барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини, концесионерот е должен да го достави во рок од 2 години од денот на склучувањето на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини.
  3. Барањето содржи:
    • податоци за барателот;
    • договор за концесија за експлоатација на минерални суровини (во прилог);
    • доказ за решени имотно правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатација на минерални суровини, освен во случај кога се работи за подземна  експлоатација во услови кога експлоатацијата нема влијание на површината;
    • главен рударски проект за експлоатација на минералните суровини кои се предмет на концесијата заедно со ревизија (стручна) оцена на истиот;
    • решение за одобрување на студијата за оцена на влијанието врз животната средина или решение за одобрување на елаборатот за оцена на влијанието врз животната средина;
    • сообраќајна согласност за приклучок за јавен пат;
    • водостопанска согласност за заштита или користење на водите од надлежниот орган на државната управа надлежен за управување со води.

Предвиден рок за постапката: министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини е должен во рок од 30 дена, сметано од денот на приемот на барањето за издавање на дозвола за експлоатација да ја издаде дозволата за експлоатација.

  • Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа (Министерство за економија/ Сектор за минерални суровини) надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини издаде дозволата за експлоатација, подносителот на барањето има право во рок од 3 работни дена да поднесе барање до писарницата на функционерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини да ја издаде дозволата за експлоатација.

Потребни документи

  • барање за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини;
  • договор за концесија за експлоатација на минерални суровини (во прилог);
  • доказ за решени имотно правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатација на минерални суровини, освен во случај кога се работи за подземна  експлоатација во услови кога експлоатацијата нема влијание на површината;
  • главен рударски проект за експлоатација на минералните суровини кои се предмет на концесијата заедно со ревизија (стручна) оцена на истиот;
  • решение за одобрување на студијата за оцена на влијанието врз животната средина или решение за одобрување на елаборатот за оцена на влијанието врз животната средина;
  • сообраќајна согласност за приклучок за јавен пат и
  • водостопанска согласност за заштита или користење на водите од надлежниот орган на државната управа надлежен за управување со води.