Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Дозвола за привремен престој на странец кој е по потекло од РМ

Најчесто ваква дозвола бараат странци кои предходно имале македонско државјанство, кое престанало со отпуст.

Странец кој по потекло е од РМ, ќе се смета странец на кој во моментот на неговото раѓање еден од родителите бил државјанин на РМ.

Времетрање на дозволата

 Дозволата се издава за период до 1 година и истата може да се продолжува ако странецот ги исполнува условите за продолжување на дозвола за  привремен престој.

Потребни документи

  • барање за дозвола за привремен престој на странец кој е по потекло од РМ;
  • доказ дека има средства за издржување, односно издржувањето му е обезбедено на друг законски начин;
  • доказ дека има обезбедено сместување или има средства за сместување;
  • здравствено осигурување и
  • копија од патна исправа.