Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
Сектор: Управно надзорни работи
Одделение: Управни работи
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар , Скопје
Работно време
08:30 - 16:30 часот

Дозвола за привремен престој поради хумантирани причини

Дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини, може да се издаде по исклучок на странец кој не ги исполнува условите за издавање на дозвола за привремен престој утврдени со овој закон, и тоа во следниве случаи:

  • ако постојат основи за сомневање дека е жртва на кривично дело “Трговија со луѓе” утврдено со Кривичниот законик;
  • на странец кој е на возраст до 18 години живот, а кој останал без придружба на родител или старател;
  • на лица без државјанство и
  • други оправдани причини од хуманитарен карактер.

Времетраење на дозволата

Дозволата се издава за период до 1 година и истата може да се продолжува доколку се утврди дека и понатаму постојат хуманитарните причини.