Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
Сектор: Управно надзорни работи
Одделение: Управни работи
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар
Работно време
08:30 - 16:30 часот

Дозвола за привремен престој заради лекување

Заради лекување на странец може да му се одобри привремен престој само за болничко лекување во здравствено јавни и здравствено приватни установи. Амбулантско лекување не е причина за одобрување на привремен престој.

Доколку јавната или приватната здравствена установа примат на болничко лекување странец без одобрен привремен престој како итен случај, потребно е во најкраток можен рок  не подолго од 24 часа, да го известат Министерството за внатрешни работи, најблиската полициска станица.

Времетраење на дозволата

Дозволата за привремен престој заради лекување се издава за период до 1 година и истата може да се продолжува ако се исполнети условите утврдени за продолжување на дозволата за привремен престој.

По истекот на времетраењето на потребното лекување и евентуалниот постмедицински третман странецот е должен да ја напушти територијата на Република Македонија.

Потребни документи

  • барање за привремен престој заради лекување;
  • потврда издадена од здравствена установа во Република Македонија каде што ќе се спроведе потребното лекување на странецот, во која е утврдено времетраењето на потребното лекување и на евентуалниот постмедицински третман;
  • потврда издадена од горе сопоменатата здравствената установа во Република Македонија во која ќе се утврди дека приемот на странецот на лекување во таа здравствена установа нема да биде на штета за пациентите кои се државјани на Република Македонија и
  • доказ дека се обезбедени средства за лекување, на товар на странецот или на товар на државата од која потекнува странецот.